Политика

Започнаа разговорите за формирање влада

09.05.2024 14:42

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доби повеќе мандати од ДУИ и СДСМ заедно на овие избори, со што народот јасно покажа дека овие две партии треба да завршат во опозиција. Разговорите за формирање влада веќе започнаа.

Ден по изборната победа во ВМРО-ДПМНЕ коментираат, одважноста и храброста на народот ја заслужува целата почит. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доби повеќе мандати од ДУИ и СДСМ заедно на овие избори, со што народот јасно покажа дека овие две партии треба да завршат во опозиција. Разговорите за формирање влада веќе започнаа.

Падна владата во Македонија и има причина за тоа. Народот покажа дека нема да дозволи поединци да создаваат кризи и преку институции да се штитат себе си. Горд сум на народот кој застана на патот на поделбите. Да не влегуваме во еуфорија, ароганција и самобендисаност. Граѓаните очекуваат резултати, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по пребројување на изборните гласови.

Процесот ќе биде транпарентен

За брзо време ќе започнеме преговори со партиите од опозицијата за формирање на најдобрата коалиција и влада за нашата Македонија. Уверен сум дека ќе ја формираме оваа влада во најкус можен рок. И процесот ќе биде транспарентен, потенцираше Мицкоски.

Не може ниту еден претседател да трага по единство, ако држи партиски линии-изјави новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова. Вети дека ќе биде претседателка на сите граѓани.

Сега следува инаугурацијата на новата претседателка на државата закажана за в недела напладне.

Миле Ристески