Италија-Уругвај
Ова е денот на расплет во Д групата од Светското првенство. За второто место ќе војуваат Италија и Уругвај во мечот со судбинска важност! Малку кој можеше да претпостави дека аутсајдерот на хартија Костарика денеска безбедна, од „високо“ ќе ја следи разврската, а дека Англија ќе е ја има улогата на статист во овој последен чин од групната претстава! Во мечот без шанса за поправен Италија влегува со поповолна нијанса. Со за еден гол подобар скор во однос на Уругвај, тоа е навидум мала, но која може да биде решавачката предност.

„Аѕурите“ и со нерешен резултат остануваат на мундијалскиот колосек, а историјата вели дека се тие мајстори да не загубат.Така,пред Уругвај е само победничкиот императив. Беше надигран, уште повеќе изненаден од Костарика! Против Андлија се врати страшниот Луиз Суарез, а со тоа и самодовербата...!Италијанскиот стратег Чезаре Прандели е ставен пред проблемот за обезбедување алтернатива за повредениот Даниеле Де Роси, Оскар Табарез е приморан да направи состав без суспендираниот Макси Переира, веројатно и без Лугано, кој ја обнови повредата.
Уште од мундијалскиот пра-почеток Италија и Уругвај се на најголемиот фудбалски полигон, но само два пати досега играле меѓусебе: во 1970 без голови 0:0, дваесет години подоцна Италија од позиција на домаќин го мина Уругвај во 1/8 финалето со 2:0 со двата гола на Тото Скилачи.Прандели вели дека е соочен со силен притисок: „Ова е најважниот меч во мојата тренерска кариера. Ако го загубиме, тоа ќе е бидејќи противникот бил подобар.“! Табарез коментира во сличен стил: „Играме во тешка група, полна со набој. Италија е четирикратен светски првак, имаме голем респект за нив, но и шанса да ги победиме.“