„Вреди“ и Европски фронт прогласија победа на изборите
Коалцијата „Вреди“ прогласи победа во албанскиот електорат на вчерашниот двојни избори. Обвинија за бројни нерегуларности. Европскиот фронт исто така прогласи победа, повикаа на мир стабилност, мир со соседите и почеток на преговорите за влез во ЕУ...
Со 13 пратенички мандати во новиот собраниски состав Коалцијата „Вреди“ прогласи победа во албанскиот електорат на вчерашниот двојни избори. Тие обвинија за бројни нерегуларности во текот на изборниот ден на кој, како што рекоа државните институции кои имаат задача да го гарантираат процесот, повторно се ставиле во служба на ДУИ, но и дека сето тоа е документирано и претставниците на меѓународната заедница ќе бидат известени. Според нив Европскиот фронт го бојкотираше изборниот процес на недемократски принцип и создава горчлива слика за Албанците во светот.
Европскиот фронт предводен од ДУИ освои 19 пратеници, со што е втора политичка сила во Собранието. На прашањето дали и каква опозиција би биле со оглед на резултатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети повтори дека треба да се почитуваат освоените гласови.
Тој порача дека, повеќе од кога било, на државата и треба стабилност, мир, нула проблеми со соседите, владеење на правото, почеток на преговорите за членството во ЕУ.
Марина Стојанова-Тонева
