Ден на победа над фашизмот
Владина делегација положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел
09.05.2024 16:29
Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерот за локална самоуправа Ристо Пенов по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, денеска ги посетија партизанските гробишта во Бутел...

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, заедно со заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, денеска ги посетија партизанските гробишта во Бутел.
Делегацијата положи свежо цвеќе и им оддадоа почит на хероите коишто учествуваа во антифашистичката борба и на нивните дела.
