Прилеп: Од две неволји до вечно пријателство

24.06.2014 13:16

Велат- најискрените пријателства се создадени во неволја. Ако се сретнете еднаш е случајност, но двапати во иста мака, тоа е веќе судбина. Таква судбина во цврсто пријателство спои две семејства од Прилеп и од Лапово, соседна Србија...

Патиштата им го вкрстија искреното пријателство. И буквално. За Бато од Србија и за Коле од Македонија еден дефект создаде блискост за навек.

Се почнало случајно. Пензионираните наставници од Лапово кај Крагуевац, лани тргнале на одмор во Грција. Кај Неготино дефект и очај некој да им помогне.

Додека размислував, наиде Коле. Се понуди веднаш. Не одвлече,  ја плати патарината. Пумпа за гориво најдовме кај Прилеп. Почека да го продолживме патот. Му нудевме, пари, ни се налути. Не зеде ниту за кафе“, раскажува Бранислав Стојановиќ

За прилепчанецот Никола, 37 години професионален возач, не постои двоумење.

Должност ми е да му помогнам на човек на пат, ако има проблем“, вели Никола Ангелески од Прилеп.

Приказната продолжува.  Деновиве, наместо изненадување и посета на пријателот во Прилеп, пак дефект- на Плетвар. Кој ќе помогне, ако не Коле.

„Убаво го изненадивме. Имавме дефект на ладилникот. Запиравме автомобили, никој не застана. Го чекавме спасителот Коле“, вели Бато.

„Ги качив на Плетвар Слеговме. Сакаа во кампот да спијат. Јас не ги оставив. Имаме просторија за спиење. Нормално, како во ваша куќа да се чувствувате“, вели Никола Ангелески.

Прво беше случајност, сега е судбина, велат. Коле им го понуди својот автомобил да летуваат, а тој да поправа дефекти.

„Мило ми е што уште на светот има такви луѓе кои можат да помогнат некому во неволја“, вели Мирјана Стојановиќ, сопруга на Бранислав.

„Коле се ангажираше толку многу, што немам зборови“, вели Бранислав Стојановиќ од Лапово, Србија.

Новата средба ќе биде во Србија. Само- без дефекти. Порачуваат: Во неволја - треба пријател.

 

Елизабета Митреска