Избори 2024
ДИК со првични официјални резултати од вчерашните избори
09.05.2024 20:12
Претседателот на ДИК , Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од вчера одржаните избори...

Државната изборна комисија на продолжената 102-ра седница ги соопшти првичните и официјални резултати од изборите 2024 година.
На претседателските избори, кандидатот од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова освоила мнозинство од гласовите.
По целосно обработените податоци од вчерашното гласање на парламентарните избори, Коалиција за европска иднина предводена од СДСМ освоила 18 мандати, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 58 мандати, Европски фронт предводен од ДУИ 19 мандати, коалиција „Вреди“ 13 мандати, „Левица“ 6 мандати и движењето ЗНАМ, 6 мандати.
