Временска прогноза

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

10.05.2024 07:57

Во јужните делови наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи и засилен ветер...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во јужните делови наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 20 степени