Денеска до 19 часот може да се поднесат приговори
Комисијата има рок од 72 часа да одлучи по евентуалните приговори. Против одлуката подносителот на приговорот може да поднесе тужба до управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението...

Вечер до 19 часот е крајниот рок за поднесување приговори до Државната изборна комисија на процесот на гласање на двојните избори, а на полноќ за резултатите. Комисијата има рок од 72 часа да одлучи по евентуалните приговори.
Против одлуката подносителот на приговорот може да поднесе тужба до управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управен конечната одлука ја носи во рок од 48 часа по приемот.
Државната изборна комисија конечните резултати од изборите ќе ги соопшти веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа по завршувањето на целата постапка по приговорите.
