Нетанјаху: Обединети сме да го победиме нашиот непријател
Војската има сè што и е потребно да ја продолжи мисијата-тврди одбраната...

Израел е подготвен да остане сам и да оди докрај во војната за да го порази Хамас. Нетанјаху категоричен по најавите од САД за прекин на испораката на оружје поради планираната операција во Рафах. Војската има сè што и е потребно да ја продолжи мисијата-тврди одбраната.
„Обединети сме да го победиме нашиот непријател, ако треба – ќе се бориме со нокти и заедно ќе победиме“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
„Армијата има муниција за планираните мисии, како и за мисиите во Рафах. Ова го кажувам во контекст на сè што се случи со сад, важно е да се потенцира“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската одбрана.
Вашингтон тврди дека операцијата во Рафах може да доведе до стратешка победа на Хамас, велат-најдобриот исход за сите би бил, таа воопшто да не се случи. Во Газа борбите продолжија додека преговорите за прекин на огнот завршија без договор.
