воен конфликт

Русија и Украина продолжуваат со напади на енергетските постројки

10.05.2024 08:41

Дрон со долг дострел ја погодил нафтената рафинерија „Гаспром“ во Башкирија-тврди одбраната на Киев...

Продолжува војната со напади на енергетските постројки меѓу Русија и Украина. Дрон со долг дострел ја погодил нафтената рафинерија „Гаспром“ во Башкирија-тврди одбраната на Киев. Москва соопшти дека успешно погодила две украински хидроелектрани.

Страдањето на цивилите продолжи и на двете страни. Украинскиот претседател Зеленски го разреши шефот на управата за државна безбедност откако двајца негови службеници беа приведени поради наводен заговор за атентат. Белорускиот претседател повтори дека само нуклеарното оружје е оружје за одвраќање.