ЦУК
ЦУК: Пријава за паднато дрво на бул. „Александар Македонски“
10.05.2024 08:46
Од страна на Сектор за операции и координација се известени ЈП Паркови и зеленило кои испратија екипи и истите во моментот интервенираат во расчистување на паднатото дрво, појаснуваат од ЦУК.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека преку единствениот број за итни повици Е-112 добиена била пријава за паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ близу паркингот на влезот на фабриката „Железара“ и „Железарија Јоле“ во населба Автокоманда.
Веднаш по добиената информација од страна на Сектор за операции и координација се известени ЈП Паркови и зеленило кои испратија екипи и истите во моментот интервенираат во расчистување на паднатото дрво, појаснуваат од ЦУК.
