Русија

Путин повторно го предложи Мишустин за премиер

10.05.2024 08:54

Додаде дека денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи...

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат-соопшти претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин. Додаде дека денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи.

Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат.