Бразил
Бразил обезбедува 9 милијарди евра за обнова на државата Рио Гранде
10.05.2024 09:00
Повеќе од 1,7 милиони луѓе се засегнати од природната катастрофа во која загинаа најмалку 107 луѓе, а речиси 800 беа повредени...

Бразилската влада ќе инвестира приближно 9 милијарди евра за обнова на државата Рио Гранде до Сул што беше тешко погодена од разорни поплави. Повеќе од 1,7 милиони луѓе се засегнати од природната катастрофа во која загинаа најмалку 107 луѓе, а речиси 800 беа повредени.
Спасувачите сè уште трагаат по повеќе од 130 исчезнати лица.
