Инаугурација

На 12-ти мај инаугурација на новата претседателка

10.05.2024 10:20

Закажана седница во Законодавниот дом за инаугурација на новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова...

На 12 мај, недела, во 12 часот е закажана седница во Законодавниот дом за инаугурација на новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова.

Собранискиот спикер Јован Митрески го чека извештајот од ДИК, кој треба да му биде доставен во текот на денот до 19 часот, со кој и официјално ќе се прогласи Силјановска-Давкова за претседателка на Македонија.