свет
Втор круг парламентарни избори во Иран
10.05.2024 11:26
Се гласа за 45 пратеници од можни 90 кои треба да ги пополнат празните места во парламентот...

Втор изборен круг од парламентарните избори во Иран. Се гласа за 45 пратеници од можни 90 кои треба да ги пополнат празните места во парламентот, откако во првиот круг од изборите во март доминираше најголемата тврдокорна група, составена од поранешни членови на револуционерната гарда и поврзаната милиција Басиџ, и други политичари лојални на врховниот лидер Хамнеи.
Конечните резултати се очекуваат в понеделник. Иранскиот парламент има секундарна улога во управувањето со земјата, а последниот збор важните прашања го има врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.
