„Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“- Мирослав Масин во Даут пашин амам
Изложбата е дел од Годишната програма на Националната галерија за 2024 година...
Изложбата на Мирослав Масин насловена „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ ќе биде отворена во Даут пашин амам, на 15-ти мај во 20 часот.
„Наметнатите ограничувања и норми, пред се општествени трансформации и насилни мерки на прилагодување и експериментална затвореност се отфрлаат и настанува еден жизнерадосен конгломерат на фрагментирани делови на телото кои врескаат во екстаза и радост, што, од своја страна, е резултат на прифаќањето на самата животна суштина на видот/ родот и другоста одразена во сопствената различност. Со и наспроти сите претходни анализи и критики на еволуцијата и цивилизациските вредности, мајмуните (мајмуноликите предци) на Масин се восприемаат како одраз на авторската идеја на нивно доживување и претставување како симбол на слободата и прифаќање на себството“, вели Маја Чанкуловска-Михајловска, куратор на изложбата.
Изложбата е дел од Годишната програма на Националната галерија за 2024 година и е финансиски поддржана од Министерството за култура.
