Економија

Финансиска помош од Европската комисија

10.05.2024 12:42

Европската комисија обезбеди позајмици за Македонија во износ од 50 милиони евра, како прва транша од тековната операција...

Европската комисија обезбеди позајмици за Македонија во износ од 50 милиони евра, како прва транша од тековната операција за макрофинансиска помош за земјата.

Како што соопшти денеска Еврокомисијата, овие средства треба да обезбедат дополнителна поддршка за Македонија, чија економија е сериозно погодена од енергетската криза предизвикана од руската инвазија врз Украина. Обезбедувањето на оваа поддршка следува откако Еврокомисијата утврдила дека земјата ги исполни релевантните политички обврски договорени со ЕУ за ослободување на првата транша.

Целокупната тековна операција за макрофинансиска помош за земјава е во вкупна вредност до 100 милиони евра во форма на заеми. По исплатата на оваа прва транша од 50 милиони евра, останува на располагање втора транша во истиот износ, чие ослободување ќе зависи од напредокот во имплементацијата на договорените услови.

Предлогот на ЕК за оваа операција на макрофинансиска помош за Македонија беше одобрен од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ на 12 јули минатата година. Севкупно, од 2020 година, па со сè последните 50 милиони евра, ЕУ на земјава досега и исплати околу 210 милиони евра поддршка во рамки на макрофинансиската помош.