Избори 2024

Тече рокот за поднесување приговори до ДИК

10.05.2024 13:22

Државната изборна комисија конечните резултати од изборите ќе ги соопшти најдоцна во рок од 24 часа по завршувањето на целата постапка по приговорите...

Вечерва на полноќ истекува рокот за достава на приговори за претседателските и парламентарни избори. ДИК има рок од 72 часа да одлучи по евентуалните приговори.

Против одлуката, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управен конечната одлука ја носи во рок од 48 часа по приемот.

Државната изборна комисија конечните резултати од изборите ќе ги соопшти најдоцна во рок од 24 часа по завршувањето на целата постапка по приговорите.

Известува Викторија Милевска