Трет состанок на политички директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ
На состанокот беа разгледани кандидатурите за избор на генерален секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) и предлог-текстот на Заедничката декларација во пресрет на Министерскиот состанок...

Во Министерството за надворешни работи денеска се одржа третиот состанок на политички директори на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), на кој присуствуваа и претставници на Советот за регионална соработка (СРС) и на Европската Унија.
На состанокот беа разгледани кандидатурите за избор на генерален секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) и предлог-текстот на Заедничката декларација во пресрет на Министерскиот состанок, што ќе се одржи во рамки на нашето претседавање со ПСЈИЕ, информираат од МНР.
Земјава со ПСЈИЕ претседава во периодот јули 2023 - јуни 2024 година, под мотото „Премостување поделби, градење доверба“.
