Влада

Техничкиот премиер Талат Џафери со отчет за сработеното во изминатите 100 дена Влада

10.05.2024 14:33

Во фер и демократска атмосфера во двата изборни круга – Џафери даде отчет за 100 дена техничка Влада.Според него граѓаните очекуваат реализација на ветеното, но и стабилно општество, во кое ќе се чувствуваат сигурно и во чекор со развиениот демократски свет...

Новиот владин состав да продолжи по европскиот пат, со преточување на граѓанската волја во новата извршна власт – очекува техничкиот премиер Талат Џафери. По 100 дена од неговиот мандат посочи дека е задоволен од работеното на техничката влада. Според него граѓаните очекуваат реализација на ветеното, но и стабилно општество, во кое ќе се чувствуваат сигурно и во чекор со развиениот демократски свет.

Технички премиер до изборот на новата влада

Џафери останува на функцијата до изборот на новата влада. Вели дека составот на идната влада е работа на преговори меѓу политичките субјекти коишто добиле мандат.

Осврнувајќи се на двојните избори коишто беа спроведени во земјата, тој рече дека и двата изборни процеса биле слободни, мирни, фер и демократски. Со тоа, вели Џафери „Со право можам да оценам дека придонесовме во европското поведение на земјата, која што стреми да биде членка на ЕУ“.

 

Марина Стојанова Тонева