В недела инаугурација на Силјановска- Давкова
На седницата за инаугурација, Силјановска-Давкова пред пратениците од стариот собраниски состав, ќе ја даде свечената изјава со што почнува нејзиниот петгодишен мандат...

„Функцијата ќе ја извршувам совесно и одговорно, ќе ги почитувам Уставот и законите и ќе ги штитам независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата“, Гордана Силјановска-Давкова в недела, на 12 мај, ќе биде инаугурирана за претседателка на државата.
На седницата за инаугурација Силјановска-Давкова пред пратениците од стариот собраниски состав ќе ја даде свечената изјава со што почнува нејзиниот петгодишен мандат.
Прва жена- претседател
Истиот ден новата претседателка ќе го преземе мандатот од досегашниот шеф на државата Стево Пендаровски. Ќе биде прва жена на највисоката функција во државата. По изборот порача-портите се отворени за сите, ќе биде претседателка на сите граѓани. Со 561.001 глас ѝ ја дадоа довербата и ѝ порачаа со сериозна работа ветеното да се исполни, женската моќ да отвори нова страница за попросперитетна држава.
Прва задача- доделување мандат
Новата шефица на државата ќе треба да го додели и мандатот за состав на новата влада во рок од 10 дена по основањето на новиот собраниски состав. Силјановска-Давкова е шестиот претседател во независна Македонија.
Универзитетската професорка, правник, пратеник во последниот собраниски состав, ден пред инаугурацијата ќе наполни 71 година.
Борис Грујоски
