Политика

Мицкоски на средба со коалицијата „Твоја Македонија“, во разговори за формирање на идна влада

10.05.2024 14:43

Мицкоски добил поддршка од претседателите на коалициските партии за отпочнување на преговори за состав на идната влада.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на Коалицијата „Твоја Македонија“.

Како што соопштуваат од партијата, констатирано е дека Коалицијата оствари успешен и историски резултат кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата. Мицкоски добил поддршка од претседателите на коалициските партии за отпочнување на преговори за состав на идната влада.

Според заклучокот на состанокот разговорите треба да се водат на основа  на постулати за забрзан економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности, стои во соопштението.