Почна средбата Груевски- Заев

24.06.2014 14:07

Груевски и Заев одржуваат тет-а-тет средба, откако опозициските пратеници поднесоа оставки на функциите и не учествуваат во работата на Собранието по предвремените парламентарни избори што се одржаа на 27-ми април годинава...

Во Клубот на пратеници почна средбата меѓу претседателот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Груевски и Заев одржуваат тет-а-тет средба, откако опозициските пратеници поднесоа оставки на функциите и не учествуваат во работата на Собранието по предвремените парламентарни избори што се одржаа на 27-ми април годинава.

Главно барање на лидерот на социјалдемократите е техничка влада што ќе спроведе нови избори.

Одговарајќи на новинарско прашање, Груевски вчера рече дека не смета дека техничка влада е решение за излез од оваа ситуација.

Премиерот во неделното интервју за МТВ изјави дека очекува разумност и дека е подготвен да разговара за сите прашања што се во интерес на државата.

Во пресрет на состанокот, Парламентарното собрание на Советот на Европа со порака СДСМ да се врати во парламентот.