Бизнис секторот очекува повеќе инвестиции во енергетиката и инфраструктурата
Инвестициите да не бидат само клише на хартија, стратегија да има за спроведување на секоја услуга што ќе го подобри квалитетот на живеење – порачуваат работодавачите...

Економијата да застане пред политиката, ветеното да се оствари, гласот на бизнисот да се слуша во креирање на политиките – прва задача за новата влада да биде забрзување на капиталните инвестиции, да се одбегне практиката да се пренасочуваат кон социјални трансфери. Бизнис секторот очекува силна поддршка.
Инвестициите да не бидат само клише на хартија, стратегија да има за спроведување на секоја услуга што ќе го подобри квалитетот на живеење – порачуваат работодавачите.
За да се динамизира растот потребно е да се инвестира во инфраструктура и енергетика-вели универзитетскиот професор Јован Пејковски.
А за да инвестираат и домашните и странските инвеститори потребна е добра регулатива и правна стабилност – додава Пејковски.
Александра Велинова
