11 претстави во конкуренција на МТФ „Војдан Чернодрински“
Најреномираната театарска манифестација, Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи во Прилеп од 7-ми до 14-ти јуни. Уметничкиот директор ја соопшти програмата. 11 претстави се во трката за најдобра претстава, а годинашни добитници на наградите за животно дело се актерите Мими Таневска-Србиновска и Јордан Витанов…

Претставата на Драмски „Хеда Габлер“ ќе го отвори 58 – от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој во Прилеп ќе се одржува од 7-ми до 14-ти јуни. Во конкуренцијата за награди се 11 претстави и уште 7 се во придружната програма. Фестивалот ќе понуди и промоции, работилници, разговори на тркалезната маса за претставите.
Во конкуренцијата за награди се 11 претстави и уште седум се во придружната програма. Фестивалот ќе понуди и промоции, работилници, разговори на тркалезната маса за претставите.
Годинашното фестивалско мото е „Промени се, промени сè“.
Понудата на македонските театри го одразува мигот на театарската уметност во земјава. И годинава тричленото фестивалско жири ќе биде меѓународно.
И годинава тричленото фестивалско жири ќе биде меѓународно.
Елизабета Митреска
