Награда за Вардан Тозија за најдобра режија на филмскиот фестивал во Бразил
Филмот „М“ беше дел од интернационалната селекција, составена од 24 филмови од целиот свет, во најголем дел со свои светски и континентални премиери...

Македонскиот режисер Вардан Тозија ја освои главната награда за најдобра режија во интернационална конкуренција на најголемиот жанровски филмски фестивал во Јужна Америка, „Фантаспоа“ чие јубилејно 20. издание се одржа во Порто Алегре, Бразил.
Филмот „М“ беше дел од интернационалната селекција, составена од 24 филмови од целиот свет, во најголем дел со свои светски и континентални премиери. „Фанстаспоа“ е единствениот фестивал од Јужна Америка што е дел од престижната Мелиес – Европска Филмска Федерација на фантастични филмови, организација која ги обединува најзначајните 22 жанровски филмски фестивали во светот.
Вториот долгометражен филм на Вардар Тозија, е во продукција на „Фокус покус филмс“. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм и е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција.
