Европа и регионот со честитки за изборната победа на Силјановска - Давкова
На македонски јазик, претседателот на Франција, Макрон ја потенцираше поддршката за Македонија кон целосна евроинтеграција. Високиот претставник Борел и еврокомесарот Вархеји порачаа дека со нетрпение очекуваат да работат со првата жена, шеф на државата во Северна Македонија...

Европа и регионот ѝ ја честитаат големата изборна победа на Гордана Силјановска Давкова. На македонски јазик, претседателот на Франција, Макрон ја потенцираше поддршката за Македонија кон целосна евроинтеграција.
Високиот претставник Борел и еврокомесарот Вархеји порачаа дека со нетрпение очекуваат да работат со првата жена, шеф на државата во Северна Македонија. Борел и Вархеји ги повикаа ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска да ги усвојат уставните амандмани.
Изборната победа на првата жена претседател во земјава упати и претседателката на Република Словенија, државниот врв на Латвија, Црна Гора, Косово, Албанија. „Очекувам да ја зајакнеме соработката“, истакна украинскиот претседател Зеленски.
Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги поддржуваат вашите цели за безбедност, просперитет и целосна евро-атлантска интеграција на државата“, стои во честитката од амбасадорката на САД, Агелер.
Честитки до професорката Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, стигнуваат и од организациите во кои членува партијата, а кои се во фокус на поддршка за идното владеење.
