Зеленски го разреши шефот на Националната гарда
Зеленски го разреши шефот на Националната гарда Серхи Рад откако Службата за државна безбедност (СБУ) претходно оваа недела соопшти дека открила заговор за убиство на Зеленски и други важни функционери...

Зеленски го разреши шефот на Националната гарда Серхи Рад откако Службата за државна безбедност (СБУ) претходно оваа недела соопшти дека открила заговор за убиство на Зеленски и други важни функционери. Сè уште не е именуван наследникот на Рад.
СБУ соопшти дека атентатите требало да бидат „подарок“ за рускиот претседател Владимир Путин, кој во вторникот положи заклетва за нов мандат. Двајцата полковници на Државната гарда, планирале да го земат Зеленски како заложник и да го убијат подоцна.
Други клучни функционери, вклучително и шефот на СБУ, Васил Маљук и Кирил Буданов, шеф на Воената разузнавачка агенција, исто така велат дека биле цел на неуспешниот атентат.
Москва не ги коментираше наводите на СБУ, која тврди дека двајцата телохранители ѝ пренеле чувствителни информации на ФСБ, руската безбедносна служба.
