Руско - украински конфликт

Русија почна копнена офанзива во областа на Харков

10.05.2024 18:04

Русија почна копнена офанзива во североисточниот дел на Украина, во Харковската област, каде што сè уште живеат повеќе од милион луѓе. ..

Русија почна копнена офанзива во североисточниот дел на Украина, во Харковската област, каде што сè уште живеат повеќе од милион луѓе. Од украинското Министерство за одбрана велат дека борбите продолжуваат.

„Русија почна нов бран контраофанзиви. Украина ги пречека со нашите војници, бригади и артилерија. Во целиот правец се води жестока битка, со артилериски оган“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Сирени за тревога во Одеса, Миколаев, Полтава и Суми. Во напад со дронови погодена нафтена рафинерија во Калуга. Уништени дронови над Москва, Брјанск и Белгород, тврди Кремљ.