ПОЛСКА
Протести на полските земјоделци против Зелениот договор
10.05.2024 18:10
На демонстрантите им се придружија политичари на актуелната главна опозициска партија „Право и правда“...

Полските земјоделци на нов протест во Варшава против Зелениот договор. Демонстрациите под слоганот „Долу зелениот договор“ ги организираа Синдикатот на „Солидарност“ и неговиот земјоделски огранок, пренесоа полските медиуми.
На демонстрантите им се придружија политичари на актуелната главна опозициска партија „Право и правда“.
Зелениот договор е европски план за постигнување климатски цели и промовирање на одржлив развој.
