Продолжува одливот на медицински сестри од јавното здравство
Медицинските сестри се повеќе комплетираат документи за да си заминат од земјава. Одливот на кадар може да направи сериозни проблеми во здравството, предупредуваат од здружението...

Медицинските сестри се повеќе комплетираат документи за да си заминат од земјава. Одливот на кадар може да направи сериозни проблеми во здравството, предупредуваат од здружението.
Во само еден месец, се случувало 40 сестри да заминат од државните болници. Најголем дел од нив за да работат во странство, дел во приватните болници, а некои ја напуштаат професијата заради ниските плати и условите за работа.
„Имаме многу голем одлив, но проблемот е што не заминуваат само во странство, туку и од професијата. Затоа, подобрите услови и платите се нешто на што треба веднаш да се реагира, за да не бидеме нација којашто ќе остане без медицински сестри“, вели Гордана Бешлиоска, претседателка Унијата на здруженијата на медицински сестри „За нас“.
Унијата на медицински сестри очекува од идната Влада да обрне особено внимание на подобрувањето на условите за овој кадар. Законот за сестринска дејност со кој ќе се регулира статусот и образованието на овој кадар, како и формирање на комора, според Унијата треба да биде меѓу приоритетите на идните власти
