Србија

Србија испрати хуманитарна помош во Газа

10.05.2024 19:22

Хуманитарната помош се дава во вид на храна, вода, медицинска опрема, како и шатори за сместување семејства, вкупната вредност на робата е близу три милиони евра, а тежината е близу 900 тони

Владата на Србија донесе заклучок со кој се упатува хуманитарна помош во стоки за државата Палестина, како форма на помош за ранливото население поради критичната хуманитарна ситуација во Појасот Газа.

Хуманитарната помош во вредност од близу три милиони евра се дава во вид на храна, вода, медицинска опрема, како и шатори за сместување семејства, соопшти Владата на Србија.

Како што јавуваат српските медиуми, првиот авион со хуманитарната помош во попладневните часови слетал во Египет.