ДИК
До ДИК поднесени 17 приговори за резултатите од парламентарните избори
10.05.2024 21:14
До Државната изборна комисија досега се пристигнати 17 приговори за постапката за сумирање на резултатите од парламентарните избори...

До Државната изборна комисија досега се пристигнати 17 приговори за постапката за сумирање на резултатите од парламентарните избори.
Девет од нив се поднесени од страна на коалицијата „Вреди“ и се однесуваат за општините Тетово, Желино, Боговиње, Гостивар и Врапчиште.
Останатите осум приговори, се поднесени од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и се однесуваат на постапката на сумирање на резултатите за парламентарните избори во општините Охрид, Демир Хисар, Крушево, Кичево, Струга, Битола, Долнени и Ресен.
За резултатите од претседателските избори засега не се поднесени приговори.
