Претседателството на ДУИ вечерва на состанок во Мала Речица
Демократската унија за интеграција вечерва во седиштето во Мала Речица одржа состанок на претседателството, а за утре најавија дека на состанок со коалициските партии ќе разговараат за нивно позиционирање по резултатите од изборите...

Демократската унија за интеграција вечерва во седиштето во Мала Речица одржа состанок на претседателството, а за утре најавија дека на состанок со коалициските партии ќе разговараат за нивно позиционирање по резултатите од изборите.
„Најважно е што граѓаните силно ја поддржаа ова опција и таа поддршка на програмата да ја реализираме во државната политика. Ние имаме обврска, имаме задача да го спроведеме тоа. Граѓаните очекуваат да се продолжи патот кон интеграција во Европската унија и оваа средба е за да се обезбеди европскиот пат на граѓаните и да продолжат преговори со ЕУ, кои ДУИ ги започна“, рече шефот на изборниот штаб Арбр Адеми.
Според Адеми, сите политички партии што се во „Европскиот фронт“ ќе продолжат да делуваат заедно.
Средбата на Европскиот фронт е закажана за утре во 13 часот.
