Политика

Почнуваат преговорите за новата влада

11.05.2024 09:21

За денеска се најавува почеток на разговорите меѓу преставници на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од лидерот Христијан Мицкоски и коалицијата „Вреди“ за формирање на ново парламентарно мнозинство.

Во тек се преговорите за состав на новата влада. За денеска се најавува почеток на разговорите меѓу преставници на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од лидерот Христијан Мицкоски и коалицијата „Вреди“ за формирање на ново парламентарно мнозинство.

Претходно, Мицкоски се сретна со лидерите на партиите од коалицијата „Твоја Македонија“. Добил поддршка за почнување на преговори за состав на идната влада.

Според заклучокот на состанокот, разговорите треба да се водат на основа на постулати за забрзан економски развој, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности.