Политика
ДУИ на средба со партиите од коалицијата Европски фронт
11.05.2024 09:37
Најважно е што граѓаните силно ја поддржаа оваа опција, а ние имаме обврска да ја спроведеме, велат од ДУИ...

Демократската унија за интеграција одржа состанок на претседателството, а за денеска најавија средба со партиите од коалицијата Европски фронт на која ќе се разговара за позиционирањето по резултатите од изборите.
Најважно е што граѓаните силно ја поддржаа оваа опција, а ние имаме обврска да ја спроведеме. Граѓаните очекуваат да се продолжи патот кон евроинтеграцијата и да продолжат преговори со Европската унија што ги почна ДУИ, изјави шефот на изборниот штаб на партијата, Арбр Адеми.
