Гутереш: Израел да не ја проширува офанзивата во Рафах
Над милион Палестинци бараат засолниште во Рафах, половина од нив се деца, истакна Гутереш...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ја предупреди израелската армија да не ја проширува офанзивата во Рафах. Додаде дека масовен напад во јужниот градот во Појасот Газа би предизвикал епска хуманитарна катастрофа.
Над милион Палестинци бараат засолниште во Рафах, половина од нив се деца, истакна Гутереш. И американскиот секретар за одбрана Лојд Остин побара цивилите во Рафах кои се на патот на израелската армија да бидат преместени надвор од опасност.
Израелските вооружени сили напредуваат со копнени трупи во источните предградија на Рафах. Според податоците на ОН, над 110 илјади луѓе го напуштиле градот на границата со Египет, кој е преполн со бегалци.
