Свет

САД со нов пакет воена помош за Украина

11.05.2024 10:23

Ова е трета транша помош за Украина од 24-ти април кога американскиот претседател Бајден го потпиша законот за доделаување воена помош за Украина во износ од 61 милијарда долари.

САД испраќаат нов пакет воена помош за Украина во вредност од 400 милиони долари. Во новиот пакет се вклучени и ракети со дострел до 300 километри, што е двапати повеќе во споредба со истиот тип оружје снабдено во октомври лани.

Ова е трета транша помош за Украина од 24-ти април кога американскиот претседател Бајден го потпиша законот за доделаување воена помош за Украина во износ од 61 милијарда долари.

Во меѓувреме, руските сили отвораат нов фронт. Украина забрзано испраќа засилувања во североисточениот регион Харков за да ја спречи Русија да ја пробие локалната одбрана.

Интензивирано е и гранатирањето на Вовчанск, град во областа на Харков на помалку од 5 километри од руската граница.