Прилеп

Се реевидентираат црквите и иконите, потребна е поголема заштита

12.05.2024 10:15

Стручњаците го реевидентираат недвижното и движно црковно наследство во Прилепско-крушевскиот регион. Богатството е фасцинантно, но потребна е поголема заштита. Прилепскиот музеј го спроведува вториот циклус на реевиденција…

Потребна е поголема заштита на движното и недвижното црковно наследство. Прилепскиот завод и музеј ја почна втората реевиденција. Прво во крушевскиот регион каде се 23 цркви и преку 500 икони. Годинава стручњаците, поради ограничените средства, се задржаа на градските цркви во Крушево.

Доминираат крушевските зографи кои и се школувале за да ја пренесат умешност во земјава. Пресудна е заштитата на црквата „Свети Никола“ во крушевско Белушино која честопати е нападната зашто христијанското население пред 50-тина години е иселено.

Последните 10 години кражбите се намалени. Има упади, но главно за парични средства.

Елизабета Митреска