Академија за банкарство и инфомратички технологии за постабилен банкарски сектор

24.06.2014 14:47

Целта на Академијата е да се профилираат постручни кадри, кои ќе придонесат за постабилен банкарски сектор...

Банките си конкурираат со каматните стапки, но на дело покажаа дека можат и да соработуваат. Со заеднички сили, во соработка со Народната банка и Економскиот институт, формираа Академија за банкарство и информатички технологии. 

Целта на Академијата е да се профилираат постручни кадри, кои ќе придонесат за постабилен банкарски сектор. Годишно ќе се обучуваат по десетмина кандидати, кои ќе студираат и во европски рамки.

Банкарскиот сектор во моментов брои над 6.300 вработени, од кои, нешто над 5 проценти се со повисок степен на знаење, односно се магистри и доктори на науки.

Банкарите сметаат дека со обуките ќе се подигнат и образовните стандарди.