Македонија

Утре инаугурација на Сиљановска-Давкова

11.05.2024 14:09

Гордана Сиљановска-Давкова е и официјално избрана за претседател на Македонија. Утре напладне се очекува и нејзината инаугурација како шести македонски претседател и прва жена на оваа позиција. Сите случувања во рамките на утрешната инаугурација ќе може да ги проследите во живо преку директниот пренос кој ќе го врши Македонската телевизија...

Гордана Сиљановска-Давкова е и официјално избрана за претседател на Македонија. Државната изборна комисија ги официјализираше резултатите од вториот круг на претседателските избори во Македонија, на кои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Сиљановска-Давкова освои 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски кој освои 251.899 гласови.

Утре напладне се очекува и нејзината инаугурација како шести македонски претседател и прва жена на оваа позиција. Откако ќе ја даде свечената изјава пред стариот пратенички состав, почнува да тече ѝ нејзиниот мандат.

Директен пренос од инаугурацијата на МРТ

Сите случувања во рамките на утрешната инаугурација ќе може да ги проследите во живо преку директниот пренос кој ќе го врши Македонската телевизија.

Во сумирањето на резултатите од претседателските избори, до ДИК не се пристигнати приговори, за разлика од парламентарните за кои се доставени девет приговори од коалицијата „Вреди“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.

Марија Котовска