Скопје

Шопен под отворено небо

11.05.2024 14:49

Во изведба на Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти, како што го нарекуваат „волшебникот на пијаното“, публиката уживаше во мајското сонце и познатите валцери на Шопен...

Шопен под отворено небо-се разлеаја звуците на најпознатите композиции на еден од најголемите композитори на сите времиња. Фредерик Шопен, еден од најславните романтичари меѓу композиторите. Во изведба на Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти, како што го нарекуваат „волшебникот на пијаното“, публиката уживаше во мајското сонце и познатите валцери на Шопен.

Македонците сакаат да слушаат класична музика, полните сали на концертните изведби ја потврдуваат оваа теза. Но, проблемот е вели Имери, малата застапеност на класичната музика во медиумскиот простор.

Класичната музика е мелем за душата, а нејзината хармонија го балансира духот, велат граѓаните. Шундот е одамна навлезен во медиумскиот простор, а таквата музика сè повеќе ја слушаат и децата од најмала возраст. Прашавме зошто сметаат дека е тоа така.

Според граѓаните, проблемот со навлегувањето на турбо-фолк музиката, навлегува и во најситните пори на општеството. Причините се повеќе, но главната може да се лоцира во немањето вредносен систем изграден во свеста на луѓето.

Александра Спировска