Во пресрет на изборите, европските челници бараат гласачите да ја заштитат демократијата
Гледаме дека во светот основните вредности на плурализмот, човековите права и владеењето на правото – нашите вредности – се доведени во прашање, дури и отворено загрозени, порачуваат тројцата лидери за германските медиуми.

Претседателите на Германија, Италија и Австрија, Штајнмаер, Матарела и Ван дер Белен ги повикаа гласачите на европските избори во јуни да ја заштитат демократијата и нејзините вредности.
Гледаме дека во светот основните вредности на плурализмот, човековите права и владеењето на правото – нашите вредности – се доведени во прашање, дури и отворено загрозени, порачуваат тројцата лидери за германските медиуми.
Историјата нè учи дека таму каде што нема демократија, хуманоста и политичкиот разум се задушени, велат тројцата претседатели во заедничката статија објавена во пресрет на изборите за Европскиот парламент.
Изборите за Европарламентот ќе се одржат од 6-ти до 9-ти јуни. Анкетите покажуваат дека одѕивот за гласањето ќе биде многу низок.
