Македонија

Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска-Давкова

12.05.2024 09:02

Седницата во Собранието е закажана за денеска напладне, а закажана и е церемонијата на примопредавање на функцијата од нејзиниот претходник, Стево Пендаровски. Сите случувања во рамките на денешната инаугурација ќе може да ги проследите во живо преку директниот пренос кој ќе го врши МРТ...

Во Собранието денеска ќе биде инаугурирана новата претседателка на државата, Гордана Сиљановска-Давкова. Таа ќе положи заклетва пред стариот парламентарен состав, по што почнува да тече нејзиниот петгодишен мандат како шеф на државата.

Седницата во Собранието е закажана за денеска напладне, а закажана и е церемонијата на примопредавање на функцијата од нејзиниот претходник, Стево Пендаровски.

Сиљановска-Давкова претходно го доби уверението од Државната изборна комисија, откако беа соопштени конечните официјални резултати од претседателските избори.

Сите случувања во рамките на денешната инаугурација ќе може да ги проследите во живо преку директниот пренос кој ќе го врши МРТ со почеток од 11:30 часот.