Македонија

Апелација бара ново судење за пожарот во модуларната болница во Тетово

12.05.2024 09:53

Во одлуката на Апелацискиот суд во Гостивар, кој постапувајќи по жалбите на обвинетите, утврдил дека првостепената пресуда на Основниот суд во Тетово е нејасна, неразбирлива и неподобна за испитување.

Апелацискиот суд во Гостивар донел одлука за повторено судење за пожарот во модуларната болница во Тетово. Во одлуката на Апелацискиот суд во Гостивар, кој постапувајќи по жалбите на обвинетите, утврдил дека првостепената пресуда на Основниот суд во Тетово е нејасна, неразбирлива и неподобна за испитување.

Судот во Тетово не постапил со должно внимание за да биде во можност со сигурност да ги утврди сите правно релевантни факти.

На двајцата поранешни директори на клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми повторно ќе им се суди за пожарот во модуларната болница во која за време на ковид-пандемијата загинаа 14 лица.

Што се однесува до докторот Бобан Вучевски кој беше опфатен во процесот, Апелацискиот суд во Гостивар ја одбил жалбата на Основното јавно обвинителство Тетово и ја потврдил првостепената ослободителна пресуда за лекарот.