Мишел: Израел да го почитува меѓународното хуманитарно право и да не презема копнена операција во Рафах
Објавата на Мишел на платформата „Икс“ уследи по повикот на израелската армија упатен до цивилите во Рафах да се евакуираат од густо населените делови, што се смета за најава за можна копнена операција.

Наредбите за евакуација на цивилите заглавени во Рафах во небезбедни зони се неприфатливи, порача претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел. Ја повика израелската влада да го почитува меѓународното хуманитарно право и да не презема копнена операција во Рафах. Додаде дека ЕУ е посветена на праведен и сеопфатен мир заснован на решение со формирање две држави.
Објавата на Мишел на платформата „Икс“ уследи по повикот на израелската армија упатен до цивилите во Рафах да се евакуираат од густо населените делови, што се смета за најава за можна копнена операција.
Во меѓувреме, израелските сили продолжија со напади врз позиции на Хамас во источниот дел на градот, откако претходните денови презедоа контрола врз граничниот премин кон Египет што се наоѓа јужно од Рафах.
По стартот на израелската операција во северниот дел на Газа, во Рафах, што се наоѓа на крајниот југ на појасот, засолниште најдоа околу еден милиони палестински цивили. Но, според хуманитарните организации, по зачестените најави за израелска копнена офанзива, градот го напуштиле околу 150 илјади лица.
