Жестоки битки во Харков, критично е и во Доњецк
Спречувањето на руските офанзивни дејства, според него е означено како „задача број еден“ во моментов, што укажува на сериозноста на ситуацијата на теренот.

Жестоки борби се водат во регионот на Харков. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека украинските сили продолжуваат со одбранбените операции околу северните погранични населби.
Зеленски посочи и дека состојбата е „особено критична“ во регионот на Доњецк, со повеќе од 30 судири дневно, особено во правец на Покровско, во близина на селата Семенивка и Нетаилова.
Спречувањето на руските офанзивни дејства, според него е означено како „задача број еден“ во моментов, што укажува на сериозноста на ситуацијата на теренот.
Руското министерство за одбрана, пак, соопшти дека војниците на групата „Север“ ги ослободиле населбите Борисовка, Огурцово, Плетеневка, Пилнаја и Стрелечја во областа Харков и дека руската армија уништила персонал и опрема на четири украински бригади и еден одред на граничари во областите.
