Продолжуваат борбите меѓу Израел и Хамас
Продолжуваат борбите меѓу израелските трупи и борците на Хамас. Од палестинските цивили се бара да заминат во засолништа во западниот дел на енклавата.

Црн чад се издига над Газа. Продолжуваат борбите меѓу израелските трупи и борците на Хамас. Од палестинските цивили се бара да заминат во засолништа во западниот дел на енклавата.
„Израелските одбранбени сили ја продолжуваат својата прецизна операција против Хамас во Рафах, како дел од нашите напори да постигнеме траен пораз на Хамас и да ги вратиме сите наши заложници дома. Нашите операции против Хамас во Рафах остануваат ограничени по обем и се фокусираат на тактички напредок, избегнувајќи густонаселени области. Нашата војна е против Хамас, а не против народот во Газа“, изјави Даниел Хагари – портпарол на израелската армија.
Критики по наредбата за евакуација на Рафах
По наредбата за евакуација на Рафах, лавина критики пристигнаа на адреса на Тел Авив. Германскиот канцелар Шолц и американскиот претседател Бајден со барање да прекине офанзивата во Газа. Бајден рече и дека е можен прекин на војната меѓу Израел и Хамас уште утре, доколку милитантите ги ослободи израелските заложници. Претседателот на Советот на Европската унија Шарл Мишел преку платформата „Икс“, повика да се заштитат цивилите.
„Наредената евакуација на цивилите заглавени во Рафах во небезбедните зони е неприфатлива. Израелската влада да го почитува меѓународното хуманитарно право и да не презема копнена офанзива во Рафах. Граничните премини мора целосно да функционираат и да овозможат минување на хуманитарната помош во услови кога во Газа владее глад“, нагласи Мишел.
Хуманитарна криза од епски размери
Од Обединетите нации предупредување дека офанзивата во Рафах ќе предизвика хуманитарна катастрофа од епски размери. Тврдат дека планираната целосна инвазија на Рафах дополнително ќе ја отежне работата на хуманитарните организации и ќе предизвика пораст на цивилните жртви.
Од почетокот на израелската воена операција во северниот дел на Газа, во Рафах се засолнија околу милион палестински цивили. Но, по зачестените најави за копнена офанзива во Рафах, градот го напуштиле околу 150 илјади цивили.
Маја Стојанова
