Полска

Голем пожар во трговски центар во Варшава

12.05.2024 13:59

Властите преку СМС пораки ги предупредија жителите на полската престолнина да останат затворени во своите домови и да не ги отвораат прозорците...

Голем пожар избувна во трговски центар во Варшава. Од огнот е зафатен над 80 проценти од објектот каде што се сместени 1.400 продавници.

Властите преку СМС пораки ги предупредија жителите на полската престолнина да останат затворени во своите домови и да не ги отвораат прозорците.

Засега нема информации за настрадани или повредени.