Сиљановска- Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
Со највисоки воени и државни почести, на церемонија на примопредавањето на претседателската функција, претседателката Сиљановска беше пречекана од својот претходник Пендаровски кој оваа функција ја извршуваше во изминатите пет години.

Го испрати својот претходник и се всели во вилата на Водно. Гордана Сиљановска-Давкова е шестата македонска претседателка. За прв во историјата на нашата независност, по петмината мажи, државата ќе ја води жена, која ќе биде и врховен командант на вооружените сили.
Со највисоки воени и државни почести, на церемонија на примопредавањето на претседателската функција, претседателката Сиљановска беше пречекана од својот претходник Пендаровски кој оваа функција ја извршуваше во изминатите пет години.
Заеднички зачекорија по црвената патека каде довчерашните ривали си подадоа рака и одржаа заедничка тет-а-тет средба.
Новоизбраната претседателка стави потпис на свечената изјава и вети дека ќе биде претседател на сите граѓани и дека ќе ја врати гордоста на Македонија, слоганот со кој ја бараше и ја доби довербата на претседателските избори.
Викторија Милевска
